Registracija Korisnika

Pregled pojedinih sadržaja na našem sajtu je omogućen samo za registrovane korisnike. Možete se i Vi registrovati popunjavanjem narednih polja.



Туристичка понуда PDF Štampa El. pošta

ЦРКВАТА НА ПРЕСВЕТАТА БОГОРОДИЦА ВО Г. ТРЕПЧА

crkva_presvete_bogorodiceСе наоѓа над самите извори, во подножјето помеѓу планините Вујан и Буковиќ, на десната страна од малата рекичка Бесен поток. Околината околу црквата е густо пошумена, на платото на кое што се наоѓа таа е готово чист. Не е утврдено со сигурност времето на нејзината изградба. Се претпоставува дека е направена во втората половина на XVIII век, во времето на Мустаф-паша. Тој на Србите им дал најмногу одобренија за изградба на црквените институции. По некои други теории потекнува уште од XIV или XV век за што сведочат изѕиданите фрагменти во прозорот на апсидата, кои што по стилските обележја и припаѓаат на моравската школа, од тоа доба. Бидејќи била од слаба дрвена конструкција, служела само до почетокот на XIX век. Сигурно се знае дека е обновена 1824. година. 24.август.1823., три кмета од Горна Трепча: Никит Миленковиќ, Васо Миленковиќ и Илија Гојковиќна српскиот кнез, на господарот Милош Обреновиќ, му упатиле молба да ја одобри обновата на црквата. Обновата ја изведол Тома Јосифовиќ, а покрај кметовите во изградбата помогнале и останатите жители на Трепча. Откога ја реновирале, црквата добила свој парох, Васа Поповиќ, кој што останал тука до самата смртт, 1849. година. Како парохијална прв пат се споменува во пописот на кнежевината Србија од 1839. година, а во пописот од 1851. година се гледа дека на таа парохија и припаднало и селото Долна Трепча. 1894. година повторно е реконструирана а неимар бил Коста Првуловиќ. Меѓутоа припрата која што е тогаш соѕидана брзо се срушила па во 1935. година, нова направил архимандритот Виктор Гиздавиќ, старешина на манастирот Вујан, со помош на горнотрепчаните.

Самата цркава е еднобродна градба, засведена со полусферичен свод кој се потпира на еден зајакнат лак. Олтарот има две правоаголни ниши. Ѕидана е од исклесан камен-трахит, а покриена е со ќерамиди. Доѕиданата припрата е од опека, пресведена е со плиток, сегментен свод. Покриена е со цреп. Црквата нема кубе, има три крста на слеменот. Никит Миленковиќ е погребан во црквата, на десната страна.

Внатрешноста на црквата покрај фреските ја красат и старите икони кои потекнуваат од манастирот Вуин, и се дело на сликарот Јеремије Михајловиќ., создадени се во дваесетите години на XX век. Околу црквата се наоѓаат неколку споменици-крајпатци.

МАНАСТИРОТ ВУЈАН

manastir_vujanМанастирот му е посветен на светиот Архангел Михаил, тој е посебно вреден културно-историски споменик кој е под заштита на државата. Се претпоставува дека е направен во XIV век. Се зборува дека некој испосник на падините на планината Вујан чувал стока, му се допаднал испосничкиот живот, сам си подигнал богомила. Се смета дека неговите коски почиваат во денешниот манастир. Во прво време манастирот се викал Обровин, затоа што и планината така се нарекувала, а за тоа име сведочи и еден камен пронајден во близината на денешниот манастир. Повеќе пати е подиган и рушен. После рушењето од 1597. година целосно опустел. Повторно е обновен после скоро два века, во 1805. година, со доброчинството на познатиот српски јунак Никола Луњевица. Спротиставени се мислењата за тоа кој раководи со обновата; јерејот Радисав Радисављевиќ од Прислоница ( забележал Јоаким Вујиќ при посетата на манастирот Ваведење 1826. година) или јеромонахот Николај Лазовиќ за чие што учество во обновата сведочи натписот од 1943. година. При изградбата на иконостасот 1808. година покрај Луњевица учествувал и легендарниот Лазар Мутап. Двајцата јунаци погребани се во манастирот Вујан, Никола Луњевица во машкиот, а Лазар Мутап во женскиот припрат. Инаку манастирот се наоѓа во атарот на селото Прислоница, во непосредна близина на бањата, помеѓу Малиот и Голем Вујан, во една удолнина, опкружен е со густа шума.

Ѕидан е од кршен камен. Градбата е еднобродна, со одвоен наос од нартекс. Наосот има три тесни травеи, апсидата е полукружна од внатре и од надвор. Над нартексот се издига осмострана ѕидана ѕвонара. Пред припратите има мал дрвен трем со едноводен кров. Црквата е покриена со двоводен кров.

Живописите изработени се 1939. и 1943. година, во темпера и претставуваат реминисценца на средновековниот живопис, од 1805. година. Иконостасот го правеле зографите Стојан и Јеремија, 1808. година.На надворешната фасада некогаш биле портретите на српските јунаци: Никола Луњевица, Лазар Мутап и на борците од брдото Љубиц, но тие се прекречени и уништени.

Во манастирската порта се наоѓа голем конак изграден 1853. година за време на владеењето на српскиот кнез Александар Караѓорѓевиќ. Конакот е скоро реновиран, а доградени се и некои нови објекти.

ЕТНОГРАФСКО БОГАТСТВО

etnografski_motiviНајважното етнографко богатство на ова место се старите воденици и селските гробишта.

Гробиштата се наоѓаат во близина на селото Гојковиќи, и се претпоставува дека служи уште од времето на првите жители на Трепча, тоа е доста збиено. Гробиштата поради својата етнографска, културно-историска и уметничка вредност се вистински музеј под ведрото небо. Со внимателно проучување може многу да се дознае за бившите жители на Горна Трепча, за нивните обичаи, занимања, склоности...Ликовната обработка на овие споменици говори за големата способност на мајсторите-каменорезци кои што ги клесале. Бојата воглавном е испрана, поради забот на времето, но патината која што сега ја поседуваат им дава посебна невообичаена убавина. Не е ретка појава денес овие споменици да се тргаат за да им отстапи место на новите или пак на нив да се ставаат гранитни плочи, што во секој случај може да се смета за непростив злочин над културното наследство и над традицијата.

Некогаш на реонот Горна Трепча имало многу воденици- поточарки, кои што денес се напуштени и неактивни. Неколку од нив успеале да се спасат од забот на времето и би можеле да бидат реставрирани.Тоа се полубрвнари-получатмари, со една мала соба за воденичарот. Покриени се со ќерамиди а подѕидот е од камен. Стручните лица сметаат дека водениците не би требало да се претворат во музејски објекти, туку дека треба да се оспособат за повторна работа.

Старата архитектура на бањата со многубројните куќи полубрвнари- получатмари, вајати, кацари, млекари, амбари како и со бројни воденици, полека се губат под притисокот од новата архитектура на модерните вили, мотели, ресторани. Сепак, се уште постојат вакви сочувани објекти кои што во идниот период би требало да се реставрираат и да се направи своевиден музеј- Српско село.

Најпознати атракции на Чачак се:

  • римските терми од III век на нашата ера;
  • конакот на господарот Јован Обреновиќ;
  • уметничката галерија на Надежда Петровиќ;
  • споменикот на познатата сликарка Надежда Петровиќ, дело на прочуениот вајар Иван Мештеровиќ;
  • споменик на српскиот востаник Танаско Рајиќ на ридот Љубиќ кај Чачак;
  • Близината на Овчар бања со трите вештачки езера, на туристите им овозможува бавење со риболов, скијање на вода, пливање, веслање.
  • Посетата на 10 манастири во Овчарско-Кабларската клисура е вистинско уживање за сите посетители кои ја почитуваат историјата и духовноста.

Горњи Милановац има многу културно-историски споменици и места поврзани со славното српско минато. Во неговата околија се наоѓа историското Таково каде што е подигнато II српско востание против Турците, на Цвета, 1815. година, цркавата на Савињац, каде што е погребана Мина, ќерката на Вук Караџиќ, манастирот Враќевшница од 1431. година, задужбината на војводата Радич Поступович, споменик на југословенските интернирци во Норвешка, на ридот на мирот....

 

>МАНИФЕСТАЦИИ, ИЗЛЕТИ И РЕКРЕАЦИЈА

busСвојот престој во Бањата, гостите можат да го збогатат со присуството на манифестацијата Денови на здравјето, на 21. септември кога се слави Малата Богородица Раѓањето на Пресветата Богородица, тој ден е ден на Славата на Атомската Бања и на црквата Пресвета Богородица во Горна Трепча. Денот е исполнет со најразлични содржини кои го афирмираат и го подигаат нивото на лечење, квалитетот на услугите и со културно- забавни содржини.Во рамките на организацијата „Денови на здравјето“ во Горна Трепча, секоја година, во портата на црквата Пресвета Богородица се врши презентација и избор на најдобра препеченица од сливи „ Шумадиска кралица“

Туристичката организација на Чачак во Бањата организира „ Летни денови на културата“ . Во летните месеци овде настапуваат бројни културно-уметнички друштва, музичари, писатели, поети, глумци...

Во Бањата можете да присуствувате во ликовните колонии и на другите манифестации во Чачак, Гуча, Прислоница, Мрчајевци...

Во непосредна близина на Бањата се наоѓа богат ловен резерват како и познатата ергела „Прељина“ која организира училиште за јавање.