Registracija Korisnika

Pregled pojedinih sadržaja na našem sajtu je omogućen samo za registrovane korisnike. Možete se i Vi registrovati popunjavanjem narednih polja.



Каде се наоѓа PDF Štampa El. pošta

Атомската Бања Горна Трепча се наоѓа во југозападна Шумадија, во северниот дел на Чачанската Котлина, на падините на планините Вујан и Буковиќ, во тесната котлина на рекичката Бање, на надморска височина од 460м. Би можело да се каже дека е сместена на триаголникот помеѓу градовите Чачак, Горњи Милановац и Краљево, на оддалеченост 18км од Чачак, 9км од Г. Милановац (преку Вујан), 140км по Ибарската магистрала од Белград.

Иако е добро поврзана со важните патни правци, Бањата е целосно изолирана од градските вреви и од големите сообраќајници. Штом ќе се одвои патот од Ибарската магистрала кон Горна Трепча, пред патникот кој се упатил кон неа, се менуваат прекрасни пејзажи. Питоми пасишта покриени со зелени ливади и изорани ниви, овштарници и лозја, предели со густа дабова шума, се украсите на левата и десната страна од патот, по кој благо искачувајќи се , се доаѓа во единствената Атомска Бања.

 

КАКО СЕ ДОАЃА?

mapaГорна Трепча се наоѓа во југозападна Шумадија, на крстосницата на важните патни правци во тој дел на Србија. Од различни правци, лесно се доаѓа до Бањата:

Од правецот на Нови Сад и Белград патот до Бањата Горна Трепча води по Ибарската магистрала, преку Љиг и Горњи Милановац. Ако доаѓате од Ниш или од Јужна Србија до нас можете да стигнете преку магистралниот пат преку Крушевац, Краљево и Мрчајевци. Од Ужице и од Црна Гора- преку Пожега и Чачак, а од Крагуевац и Источна Србија преку Книќ и Мрчајевци. До Горна Трепча исто така можете да стигнете и од правецот на Косово и Метохија и Нови Пазар преку Рашка и Краљево.

Автобуските врски со Бањата се солидни. Постојат редовни автобуски линии до Чачак, кој е одлично поврзан со сите важни правци и поголеми градови во Србија. За време на туристичката сезона до Горна Трепча сообраќа автобус на Бечејскиот превозник од правецот на Нови Сад и Белград.

Исто така, до Горна Трепча може да се стигне и со железница (поточно до Чачак со кој Бањата е добро поврзана со локалните автобуски врски). До Чачак со воз може да се стигне од следниве правци: Белград-Лајковац- Љиг, Ужице- Пожега, Крушевац- Краљево, Косово Поле- К. Митровица- Рашка- Краљево.

 

 

Atomska Banja - Gornja Trepča - Banjski PotokСамата Бања сместена е во тесната котлина на рекичката Бање, повеќе е изградена на левиот отколку на десниот брег.

На десниот брег, остро се издига планината Вујан, а на левиот брег планинскиот венец е поширок и е со поблага стрмнина. Падините на планината обраснати се со шуми од брест, бука, даб, бел јасен, граб, цер, липа како и 5 хектарска четинарска шума која на целата околија и дава незаборавен изглед.

Богатата растителна покривка, покрај неспорната туристичка атракција, претставува и сигурна заштита на минералните извори од надворешните влијанија, како и заштита на самото место од ладните северни ветришта.

Шумските пејзажи се местимично прошарани со пасиштата кои во пролетт и во лето се прекриени со разнобојни цветни ќилими.

Овде, воздухот е чист, планински, а тишината и мирот се величенствени.

Климата е посебно блага, умерено-континентална. Температурата на воздухот е без поголеми дневни и годишни колебања. Во врелите летни месеци, кога во рамничарските предели владеат јаки жештини, во Бањата температурата е неколку степени пониска, а ноќите се свежи и пријатни. И воздушните струења се умерени, поради веќе споменатата физичка поставеност на Бањата со планинските венци и поради богатата растителна покривка, но тоа не значи дека нема доволно сонце и сончеви денови.

Имајќи ги во предвид поволните климатски фактори и недопрената природа во која што е сместена Бањата, може да се каже дека истата е идеално место за престој на луѓето секојдневно изложени на стрес и на штетните влијанија од воздухот, водата, храната. Враќањето кон природата е исконско тежнеење на се поголем број на луѓе, а овој еколошки бисер, дава можност за нејзиното остварување.

 

Околината

Околината на Бањата изобилува со природни атракции, културно- историски споменици, и богато етнолошко наследство. Од природните атракции во секој случај на прво место се наоѓа планината Рудник, највисоката планина во Шумадија со своите врвови Голем Штурац (1169м) и Мал Штурац (1159м), која што ја краси цела Шумадија.

Од Рудник се протегаат четири планински венца, а најважен за овој крај е планинскиот венец кој оди на југ преку Бело Поле кон Западна Морава. Овој венец има неколку врвови: Бело Поље, Збеговиште, Црн врв, Вујан, Буковиќ, Котленик. Куриозитет на Рудник претставува Островица, најдобро сочуваната вулканска купа во нашата земја, со остатоци од истоимениот средновековен град (1325.г.) престолнина на големиот жупан Никола Алтомановиќ. Рудник привлекува многубројни туристи и излетници, а од него се добива незаборавен поглед на целата Шумадија.