Registracija Korisnika

Pregled pojedinih sadržaja na našem sajtu je omogućen samo za registrovane korisnike. Možete se i Vi registrovati popunjavanjem narednih polja.



Историјат на лекувалиштето PDF Štampa El. pošta

ИСТОРИЈАТ НА НАСЕЛБАТА


Се смета дека првите српско-словенски племиња во овие краеви се доселиле кон крајот на VIII век и ги населиле двата брега на Западна Морава. Бидејќи во тоа време племињата често се селеле се претпоставува дека ни овие не се задржале долго на овие простори. Во почетокот селата Горна и Долна Трепча биле едно село кое се протегал од косата „Липар“ на југ кон селото Мојсиње.

Со доаѓањето на Турците започнуваат првите пописи поради воведувањето на даноците. Во деталниот попис на смедеревскиот санџак од 1476. година забележано е селото Трепча со 25 домаќинства. Интересно е тоа што од пописов се гледа дека во селото живеел и поп па се претпоставува дека и тогаш тука постоела некоја црква или евентуално капела. Во 1525. година за првпат се споменуваат селата Горна и Долна Трепча, како две одвоени села, кои што најверојатно поради големото пространство на кое се наоѓале, биле поделени. Тогаш во Горна Трепча имало 9 домаќинства и 6 млина, а веќе во 1528. година имало 18 домаќинства. Поради честите војни, во идните децении , помеѓу Турција и Австро-Унгарија, овие краеви целосно се опустошиле. Се смета дека претците на денешните жители на Трепча во овие краеви дошле во половината или крајот на XVIII век и дека се доселиле од Црна Гора од племето Трепчани , по што и местото го добило името. За долгиот престој на турците сведочат и до ден денес задржаните имиња за поедини засеци; Турско брдо или Турски гробови. За време на владеењето на Књаз Милош во Србија редовно се правеле пописи, така да ѕа тој период има многу пишани документи за селата и за нивните жители. Србија била поделена на нахии а нахиите на кнежини. Горна Трпча и припаѓала на Рудничката нахија, и на Моравската кнежина.

ИСТОРИЈАТ НА ЛЕКУВАЛИШТЕТО

staro-kupatilo-i-gostiНе е познато кога започнале да се користат за лекување, термалните извори на Горна Трепча. Се смета дека нивните лековити својства се користени уште од дамнина. Кога во Чачак, се открија римските терми од III век од новата ера, нивната големина и начин на градење, укажуваа на постоење на голема римска населба. Може да се претпостави дека и римските легионери во изворите на Горна Трепча го пронаоѓале лекот за своето ослабната здравје. Се зборува дека и учесниците во косовскиот бој, јунаците од I и II српско востание ги лечеле своите рани во бањската вода. Постојат многу легенди за Бањата Трепча, а една вели: Еден српски јунак враќајќи се од косовскиот бој, го оставил својот болен и исцрпен коњ, на местото на деншната Бања, тука да умре. Коњот со денови се валкал низ калта во близина на изворот. Кога по неколку дена од тука поминале монаси од блискиот манастир Вујан виделе коњ како потскокнува и ржи. Од тогаш се прочул насекаде муабетот за лековитоста на водата која извира од тука. Тие ја нарекле Светост и почнале во неа да се капат и да ја пијат.

Тоа што со сигурност денес го знаеме е дека кон крајот на XIX век Танасије Никитовиќ, од Горна Трепча, ја гледал и проучувал водата на изворот и бидејќи се уверил во нејзината лековитост, одлучил да изгради еден базен за капење. Го изѕидал од каменот кој што се наоѓал околу изворот, во должина од 2 метра и висина од половина метар, без кров. Тоа било во далечната 1890. година, а тогаш Танасије, покрај базенот, поставил и спомен камен во чест на неговиот брат Алекса Никитовиќ, кој што погинал во битката со Турците на Шуматовац 1876. година. На почетокот на XX век управата на манастирот доградила и купатила, а 1934. година подигнала зграда со 10 соби и една кафана, и со нив управувала се до 1945. година, кога со Законот за аграрната реформа на манастирот му е одземена земјата, вклучувајќи ја и онаа кај што биле изворите и објектите околу нив.

Вршејќи ги физичко-хемиските истражувања на термоминералните води во Трепча, 1904. година, др. М. Николиќ и др. А. Зеге го опишале и бањското место. Приметиле дека постојат 4 брвнари во кои што можат да се сместат 50 до 60 пациенти, една селска и една манастирска меана, и неизработен простор за капење. Сезоната трае од јуни до септември. Патиштата се лоши и непроодни. Пациентите кои што тешко се движат или не се движат на раце се носат до местата за капење.

Првиот управник на трепчанската бања, кој што го поставил Обласниот одбор на Шумадиската област од Крагуевац, на 13.07.1928. година е др. Михаило Младеновиќ, лекар од Чачак.

Се знае дека 1947. година примариус Светозар Зариќ, шефот на Интерното одделение на болницата во Чачак, го дал своето мислење за лековитоста на водата во Горна Трепча, затоа што дејствата од водата врз пациентите кои што ги праќал во Бањата Трепча, ги проучувал уште од 1927. година. По неговото кажување, во тоа време во чачанската болница немало доволно места за сместување на пациентите, а и лекувањето во тоа време било многу скапо. Поради тоа, тој сиромашните и сите оние за кои сметал дека Трепча може да им помогне, ги праќал тамо на лекување. Сите се враќале со подобрена здравствена состојба. Обично тоа биле пациенти со ревматични болести, ишијаси, неврози....До крајот на својот работен век, др. Зариќ пратил многу пациенти во Горна Трепча. Помеѓу другите и неговото стручно мислење влијаело на тоа 1955. година да се оформи „Народно купатило Горна Трепча“. За прв управник поставен е Остоја Урошевиќ од Горна Трепча.

Шеесетите години од минатиот век бањата како и сите претходни децении имала локален карактер, тоа се гледа низ прометот направен од посетителите, кој што прецизно се води од 1956. година. Годишно во Бањата доаѓале околу 730 гости. Кон крајот на шеесетите години тој број почнува вртоглаво да расте, така во 1969. година Бањата бележи број од 3500 посетители. Тој растечки тренд продолжува и на почетокот на седумдесетите години од минатиот век. Спрема бројот на посетителите, Бањата 1973. година се најде на деветото а 1974. година се најде на петтото место, меѓу бањте во Србија. Најголем број на посетители регистриран е 1988. година, 17.857 гости. На почетокот на деведесетите, кризата и војните водени на тлото на бивша Југославија, видно влијаеа на падот на посетителскиот промет.

На почетокот на шеесетите години во трепчанското лекувалиште, поттикнати од пациентите кои доаѓаа носени на раце од страна на своите роднини, а се враќаа сами пешки по кривите патчиња низ планините Вуин и Буковиќ, започнаа да размислуваат за подобрување на патот по кој ќе се приоѓа до горе. Само цврстата решеност на мештаните и нивниот горопаден дух им овозможи на мештаните да издржат во седумгодишните работи околу пресекувањето на патот во долината на реката Бање. Иако бил макадамски друм, патот од Чачак до Горна Трепча бил доста скратен. Во јули 1968 година пресреќните мештани и болните гости заедно го дочекаа доаѓањето на првиот автобус.

Вртоглавиот пораст на бројот на посетителите кон крајот на шеесетите, неизставно морало да го следи и изградбата на одговарачки објекти за сместување и лекување на пациентите. Бањата се претворила во огромно градилиште. Покрај постоечките поставени се и 50 нови камп куќички. Капацитетите за капење проширени се со 12 кади и со 2 базена, изградени се и ресторани, продавници, и киосци. Во рок од 3 години, во приватното сместување, понудата од 300 се зголемила на 3000 постели. Кон крајот на 1975. година завршен е и стационарот во чиј состав биле базените, кадите за капење, лекарските ординации, лабораторијата, собите за сместување. Подоцна стационарот е реновиран.

Денес лекувалиштето ги поседува сите објекти потребни за сместување и лекување на пациентите. Стационар, ресторан, хидротерапевтски блок со кади за хидромасажа, управна зграда со лекарски ординации, кинезисала, сали за електро терапија, рецепција. Во пријатната ладовина на четинарската шума, на ридот од кој се простир погледот на целата Бања, се наоѓаат комфорни бунгалови, опремени за сместување на пациентите.