Atomska Banja
Atomic Spa
Atomkurbad
Атомска Баня
Атомската Бања
Spa Atomica
Atomska banja
Registracija Korisnika
| Индикации |
|
|
|
|
Основни, современи начела на балнеоклиматотерапијата се:
Оваа област претставува подрачје со големи можности во превенцијата, куративата и рехабилитацијата и треба да биде мост помеѓу болничкото лекување и повторното вклучување на пациентот во друштвениот живот. Без оглед на растечката улога во рехабилитационата, современата балнеоклиматотерапија има се поголемо место во превентивната медицина, а тоа во моментов е и светски тренд во медицината. Се поголем е бројот на луѓето исцрпени од работа и од брзиот начин на живеење, тие луѓе имаат потреба од одмор со одреден степен на медицински третман, како и од рекреација во поволни климатски услови. Веќе говоревме за тоа дека луѓето уште во старото време ја запазиле лековитоста на термоминералните извори во Горна Трепча и дека првите стручни лица кои ги испитувале хемиските карактеристики на водата го давале своето мислење за нејзината лековитост. Воглавном таа се однесувала на ревматските болести, така да и првата анализа на Институтот за физикална медицина и рехабилитација од 1970. година, потврдила дека овие води може да се користат за лечење на:
2. Дегенеративен ревматизам
3. Екстраартикуларен ревматизам
Меѓутоа, со развојот на здравствената служба во лекувалиштето, со зголемувањето на бројот на посетителите и со искуството на првите и вторите, се дојде до сознание дека индикациите се многу пошироки, а тоа го потврдија и истражувањата на еминентните стручни лица од оваа област ( балнеологија). Веќе е напоменато дека др. Светислав Зариќ долго време ги следеше пациентите кои одеа во Трепча на лекување. Подоцна, кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години во Бањата работеа лекари од Чачак: др. М. Ратковиќ, др. К. Петковиќ, др. Г. Лукачевиќ, др. Т. Јованчевиќ, др. Б. Антонијевиќ. Нивните искуства во лечењето на бањските пациенти, допринесоа индикациите за лекување да се прошират. Денес индикациите за лекување во Атомската Бања поделени се во шест групи. I РЕВМАТСКИ БОЛЕСТИ
1. Хроничен инфламаторен ревматизам
2. Дегенеративен артритис
3. Екстраартикуларен ревматизам
II БОЛЕСТИ НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ
1. На централниот нервен систем
2. На периферниот нервен систем
III БОЛЕСТИ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ
IV БОЛЕСТИ НА ПЕРИФЕРНИОТ КРВОТОК
SCLEROSIS MULTIPLEX
Во паркот пред стационарот на лекувалиштето, се наоѓа камен на кој што е исклесан натписов: „ Овде почива Sclerosis multiplex, А.В. учител од Крагуевац“. На некој неупатен во најмала рака натписов ќе му е чуден, но на илјадите заболени од оваа болест, на сите оние кои после лекувањето во оваа Бања ги фрлите своите бастуми, штаки, инвалидски колички, овој камен и натписот на него се симбол на победата и на новиот живот. За нив Трепча е надежд, за нив Трепча е снопче сончева светлост во изненадувачката темница, за нив таа е втор дом. Со децении наназад, почнувајќи од крајот на шеесетите, заболените од оваа болест доаѓаат во Трепча. Ова е единственото место на земјината топка каде што лечењето на мултиплекс склерозата е толку успешно. Во ова лекувалиште престојувале пациенти од целиот свет, и токму поради нив за Трепча се чуло надалеку, преку границите на нашата земја. РЕВМАТСКИ БОЛЕСТИ
Постојат голем број на болести кои може да се стават во оваа група на заболувања, а најчесто ги делиме во три подгрупи:
Болестите на локомоторниот апарат имаат мала смртност, но даваат долготрајно боледување и значаен инвалидитет. Со обзир на тоа, дека примарната превенција не е возможна, раното откривање на болеста, адекватното лекување и рехабилитацијата овозможуваат долго одржување на работоспособноста и го намалуваат инвалидитетот. Целта на третманот за рехабилитација е да се одржи или да се врати движењето во зглобовите и во рбетниот столб, како и да се одржи или поврати снагата во мускулатурата. Физикалниот третман, на оваа група пациенти многу им ги олеснува тегобите и им овозможува подобар квалитет на животот и на работата, долг низ на години, по заболувањето. |



Балнеоклиматотерапијата спаѓа помеѓу најстарите медицински дисциплини, а дури во половината на XIX век ставена е на научната основа. И покрај многубројните емпириски констатации и научно проверени податоци за медицинската вредност на балнеоклиматотерапијата, таа на некој начин се уште претставува дискредитирана област во современата медицина. Тоа е поради лошото историско наследство на архаичната медицина, како и поради тоа што лекарите кои што не се занимаваат со овој домен, не се запознаени со сегашниот концепт на балнеоклиматотерапијата. Оваа област се развива во чекор со останатите гранки на медицината, а денес се вршат и егзактни проучувања на биолошките ефекти од надворешната средина. Во основа, балнеоклиматотерапијата, го доби местото, терапевтска дисциплина во која што повеќе фактори од надворешната средина се користат организирано со другите методи и постапки на лечењето.
1. Воспалителен ревматизам
1. Хроничен инфламаторен ревматизам
Мултиплекс склерозата е прогресивна болест која што ја карактеризираат плакови на демиелинизацијата на мозокот и на рбетниот мозок. Болеста ја карактеризираат чести ремисии и егзацербации. Во основа тоа е автоимуна болест, а за доаѓање до истата огромна важност имаат генетските како и климатските фактори, преваленцијата идејќи од екваторот кон север расте. Кај поголемиот број на пациенти болеста почнува постапно (60%), а кај останатите истата нагло се појавува. Првите симптоми обично се парастезии, потоа спастична слабост на мускулите и пореметување на длабокиот сензибилитет. Кај некој болеста започнува со ретробулбарен неуритис. Подоцна се јавуваат двослики, nistagmus, vertigo, интенциски тремор, скандирачки говор, cerebralna ataksija. Пореметување на мокрењето, делумна ретенција на урината или повремена инкотиненција, кај неки пациенти се јавуваат од самиот почеток на болеста, а кај некои пак дури во подоцните фази. Психичките пореметувања воглавно се карактеристични за касните фази на болеста. Денес дијагнозата брзо се поставува, веднаш по изработената магнетна резонанса. Меѓутоа, терапијата не напредувала толку брзо како дијагностиката. Лечењето со кортикостероидите, имуносупресивите, интерферонот и многу други лекови, досега не ги дало посакуваните резултати. Физикалната терапија и рехабилитацијата се важен дел од лекувањето на овие пациенти.